logo
logo
logo

Од 14 април започнуваат бесплатни обуки за дигитални вештини во ООУ „Јан Амос Коменски“

Vecer | 31.03.2026

Од 14 април започнуваат бесплатни обуки за дигитални вештини во ООУ „Јан Амос Коменски“

Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата Таск-ХРС, од 14.04.2026 година, ќе започне со реализација на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите.

Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи.

Од Општина Карпош информираат дека обуките ќе се одржуваат секој вторник во просториите на ООУ „Јан Амос Коменски“, со почеток од 18 часот и еден час ќе трае 90 минути по сесија. Предавањата се распоредени во вкупно 12 недели, а заинтересираните граѓани, претходно своето присуство потребно е да го најават на телефонскиот број 071/376-080.

„Оваа иницијатива ќе им помогне на повозрасните граѓани, како и на лицата од социјален ризик и маргинализираните групи граѓани, полесно да зачекорат во дигиталниот свет, односно да стекнат вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите како што се електронското банкарство, комуникациски апликации, социјалните мрежи итн. Во рамки на обуката ќе се говори и за основите за користење на електронските уреди, безбедното пребарување на интернет мрежата како и користење на електронската пошта, користење на јавни електронски услуги, дигитална економија и можности за дополнителни приходи, посочија од Општина Карпош, воедно додавајќи дека пријавувањето е во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk