Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат.
2 јавни обвинители од ОЈО Кочани
2 јавни обвинители од ОЈО Штип
5 јавни обвинители од ОЈО Скопје
Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. Увидот на лице место денеска продолжува, информираат од Обвинителството.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата