logo
logo
logo

Судска медицина: ПРИОРИТЕТ СЕ ОБДУКЦИИТЕ ЗА ДА МОЖЕ РОДНИНИТЕ ДА ГИ ПОДИГНАТ ТЕЛАТА

Vecer | 18.03.2025

Судска медицина: ПРИОРИТЕТ СЕ ОБДУКЦИИТЕ ЗА ДА МОЖЕ РОДНИНИТЕ ДА ГИ ПОДИГНАТ ТЕЛАТА

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата.

Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа што, како што рече, идентификацијата не се извршува само со обдукција, туку и со ДНК анализи. Станува збор за два паралелни процеса.

– Работиме со планирано темпо. Паралелно се вршат и обдукција и ДНК анализи. Собрани се ДНК материјали за споредба, од роднините на починатите. Очекуваме брзо да се заврши работата. Не може точно да се каже кога, приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може телата да си ги подигнат роднините – нагласи Станков во изјава за МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk