Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ со кратка и моќна порака во овие тешки денови за Македонија.
– Господ да им даде сила на најблиските на починатите, физички да ја издржат болката. Душите им прегореа од мака, им изгореа со саканите. Живи луѓе со мртви души. Да тихуваме и да се молиме за сите нив. Повредените да закрепнуваат, преживеаните да зајакнуваат. Достоинствено да тагуваме, поинаку и не се може со скршени срца… напиша таа на својот фејсбук профил.
Професорката која секогаш е гласна на голем број општествени теми, претходно упати порака и до политичките чинители во земјава.
– Дури и за време на војни судири, непријателите молчат додека телата на загинатите не се упокојат…Барем седум дена молчете и работете конкретно за решавање на повеќедецениските проблеми со корупцијата. Ова не е прашање на политика и политички партии туку на криминалци. Како имате сила да повикате прес-конференција за политички поени? – праша таа јавно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата