logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ гласаа ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, а одобруваат пари за златни прибори во влада“

Vecer | 22.06.2022

„СДСМ гласаа ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, а одобруваат пари за златни прибори во влада“

Пратениците на СДСМ гласаа против зголемување на платите во јавниот сектор, а одобруваат пари за златни прибори  во влада. Пратениците од СДСМ не сакаа да дадат зелено светло за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.800 денари, што побараа синдикатите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека истите тие пратеници од СДСМ гласаат за буџетите кои ги предлага власта, и токму од последниот буџет, од парите наменети за владата беа одвоени пари за купување на златен прибор за јадење од скоро 40.000 евра.

- Од буџетски средства, кои се гласани во собранието беа одвоени пари и за исплата на грантот на Заев кој е во износ од 1.4 милиони евра. Но кога станува збор за поголеми плати за народот, пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат ниту да слушнат, а своето гласање го правдаат со вреѓање на работниците, нагласуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека  СДСМ и ДУИ не работат за народот, туку само за својот џеб. Премногу е.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk