logo
logo
logo

Само 1.677 медицински лица ВАКЦИНИРАНИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Vecer | 25.02.2021

Само 1.677 медицински лица ВАКЦИНИРАНИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Во Македонија досега против корона вирус се вакцинирани 1.677 здравствени работници.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавиле 67.700 граѓани, а 43.789 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство за МИА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска изјави дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој Термин“ со возраст над 70 години и хронични болести.

„Од нив, 50-тина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа ние имаме и дополнителни механизми коишто ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен активно работи. Важни се неколку работи, прво дека е исклучително висок процентот на здравствени работици коишто покажаа интерес да се вакцинираат, рече Филипче.

Тој вели дека во овој следен период, не повеќе од 10 до 14 дена ќе заврши процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4000 коишто работат со ковид пациенти.

- Задоволни сме и од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата. - истакна Филипче.

Министерот Филипче посочи дека утрово директорот на Стопанска Банка на средбата по повод донацијата му посочил дека интересот во Грција на здравствените работници е многу мал, околу 25%.

„Сметам дека интересот на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал за целокупното население тие да се вакцинираат. Дополнително, ние планираме и кампањи, повици преку матичните лекари. Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме кога беше епидемијата со морбили, ќе го направиме и сега“ – потенцираше министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk