Бараме да имаме опција онлајн настава со цел да се заштити здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлежни институции, како Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк, се вели во соопштението.Од „Поддршка за онлајн настава“ велат дека оваа маргинализирана група не е многубројна и нема да има никаков негативен импакт во однос на образовниот процес и социјализацијата на останатите деца, туку само заштита на животот и здравјето на овие деца и родители кои и онака боледуваат од одредени болести.
Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Светската здравствена организација е сеуште на сила и ковидот постои и состојбата не е под контрола. Да не дозволиме да изгубиме некој наш драг прилател, роднина или не дај боже дете и затоа не треба да постојат импровизации и компромиси кога во прашање е здравјето на оваа ранлива група, се додава во соопштението од групата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата