Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за конзумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер. Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДС го осудува конзумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски? Има јавно признание како нивен партиски функционер конзумирал дрога на работно место, вели Бране Петрушевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал?
Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски.
Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС?
Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор?
Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата? – прашува Петрушевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата