logo
logo
logo

Девет лица се враќаат од странство, кај критичните има подобрување, но да бидеме претпазливи

Vecer | 28.03.2025

Девет лица се враќаат од странство, кај критичните има подобрување, но да бидеме претпазливи

Министерот за здравство, Арбен Таравари информира дека има добри вести од странство во поглед на повредените пациенти во кочанската дискотека. Остануваат 91 пациенти, а девет се враќаат денеска во земјава.

Според него, има добри вести и за критичните четири пациенти кои се лекуваат во странство.

-Иако се се уште во тешка состојба, тие се во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимист сум дека и тие ќе се подобруваат – такви ми се информациите. Одредени лабораториски параметри покажуваат дека денеска има подобрување. Сепак, секогаш мораме да бидеме претпазливи. Кога ќе бидат подобри, ќе ве известиме. Засега овие се информациите, рече министерот, навестувајќи дека утре се враќаат двајца пациенти од Шведска и Литванија.

Таравари повтори дека лекувањето за сите пациенти е нула денари и е обезбедена авионска карта и сместување за двајца членови од семејствата на лицата кои се лекуваат во странство. Тој е дециден дека се покриени сите трошоци на пациентите – од спиење и лекување до транспортот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk