logo
logo
logo

Раководството на ССМ СИНДИКАТОТ ГО ПРЕТВОРИЈА ВО АЛАТКА ЗА ДЕБЕЛО ПРОФИТЕРСТВО

Vecer | 03.04.2025

Раководството на ССМ СИНДИКАТОТ ГО ПРЕТВОРИЈА ВО АЛАТКА ЗА ДЕБЕЛО ПРОФИТЕРСТВО

Раководството на ССМ, синдикатот го претворија алатка за дебело профитерство и лагоден живот со високи примања. Синдикалната активност, од активност за работничките права ја претворија во профитабилна активност која на раководствата им носи дебели плати,  велат од ВМРО-ДПМНЕ:

И сето ова додека зборуваат за минимална плата, без да имаат никакво чувство на грижа или пак трошка чувство на емпатија. Додека Слободан Трендафилов и луѓето околу него ги лажат и манипулираат работниците за минимална плата, тие имаат примања и неколкукратно поголеми од минималната плата.

Ова е лицемерието на синдикалците на батерии како Трендафилов и луѓето околу него, за народот минималец, за синдикалците максималец.

За ова не молчат и веќе го пријавуваат луѓето на кои им е преку глава од ваквото искористување и злоупотреба на работниците за свои цели и профитерства, и од односот на Трендафилов и луѓето околу него со Синдикатот како со своја фирма.

Тоа го потврдуваат и последните информации кои што ги доставија револтирани свиркачи, од кои произлегува дека претседателката на Синдикатот на поштенски и телекомуникациски работници, Васе Депонова има годишни примања од 794.000 денари.

И оваа исто како и Трендафилов со огромни примања, репрезентации и бенефиции зборуваат за минимална плата.

Со примања кои надминуваат 1.6 милиони денари годишно, Трендафилов не може да биде синдикалец. Тој само го злоупотребува синдикатот и за таа цел користи неколку луѓе околу него, кои исто така ги врзал со големи примања.

Слободан Трендафилов и луѓето околу него се разоткриени. Народот и работниците ги прочитаа и веќе никој не им верува. Знаат дека синдикалната активност им е за нивни лични интереси и профитерство и дека СДС се крие зад ССМ, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk