Во езерцето во Градскиот парк во Струмица, синоќа било пријавено дека е пронајдено тело на почината жена.
По пријавата, на местото на настанот излегле јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на обдукција во Судска медицина.
Од МВР најавуваат дека повеќе информации за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата