logo
logo
logo

Приведен криумчар, пронајдени шест мигранти

Vecer | 20.01.2025

Приведен криумчар, пронајдени шест мигранти

На автопатот Демир Капија – Неготино, вчера околу 20:00 часот , полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија.

Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина. Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk