Само што пристигна тим на лекари од воената болница во Прага, Чешка. Претходно пристигна тим од ВМА Белград, Србија, а се очекува и тим од Израел. Истовремено со авион се пренесени две повредени лица за Будимпешта, Унгарија, објави Сашо Клековски, в.д директор на Фондот за здравство на Македонија.
Вчера беа згрижени над 140 пациенти, а сите кои се префрлени во странство на лекување се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега, сооошти доцна синоќа Министерството за здравство, откако во неделата наутро во 2,30 часот во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
Од МЗ информираат дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи.
Ззгрижените 140 пациенти се распределени во здравствените установи низ земјата:
Клинички центар – 20 пациенти
ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти
Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент
Клиничка болница Штип – 20 пациенти
Општа болница Кочани – 7 пациенти
Клиника за токсикологија – 2 пациенти
Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:
Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.
Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.
Република Грција: 4 пациенти се згрижени.
Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.
Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.
Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата