logo
logo
logo

Претрес во Скопје, пронајден килограм дрога

Vecer | 12.02.2025

Претрес во Скопје, пронајден килограм дрога

Денеска (12.02.2025) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага, соопштија од МВР.

Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј.. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk