logo
logo
logo

Предложен притвор за скопјанката која вчера удри пешак и побегна

Vecer | 01.02.2025

Предложен притвор за скопјанката која вчера удри пешак и побегна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против една осомничена за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил “Цитроен Ц1” со скопски ознаки по булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Кога дошла до крстосницата со улицата “Бојмија” и пешачки премин, не ја прилагодила брзината доволно за да може да го запре возилото, да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои веќе поминувале на пешачкиот премин. Затоа со автомобилот осомничената удрила во телото на 38-годишен пешак, кој од ударот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар каде му била укажана помош, па бил пуштен на домашно лекување. Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар.

Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оцени дека е потврдена опасноста таа да се обидува да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за нејзино обезбедување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk