logo
logo
logo

ДИК

ПРЕБРОЈУВАЊЕТО ГЛАСОВИ ЗАВРШИ: Познати имињата на новите пратеници

Vecer | 09.05.2024

ПРЕБРОЈУВАЊЕТО ГЛАСОВИ ЗАВРШИ: Познати имињата на новите пратеници

ДИК обработи 100 отсто од гласовите на парламентарните избори, па веќе е познат  новиот состав кој треба да работи во корист на граѓаните во наредните 4 години. Доминантна партија во Собранието ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, односно коалицијата предводена од оваа партија. На 11 парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 58 мандати.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието влегуваат со:

ИЕ 1 – 10 мандати: Христијан Мицкоски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Љупчо Димовски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска.

ИЕ 2 – 8 мандати: Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски.

ИЕ 3 – 14 мандати: Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Никола Коњановски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова.

ИЕ 4 – 13 мандати: Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоранчо Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Трајанова, Јулија Тушевска, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузманоска.

ИЕ 5 – 10 мандати: Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакраческа.

ИЕ 6 – 3 мандати: Дафина Николоска, Александар Велјановски, Валентина Марчевска.

Втората најголема македонска партија, СДСМ, освои речиси тројно помалку пратенички места, 18

ИЕ 1 – 3 мандати: Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Даниела Николова.

ИЕ 2 – 2 мандати: Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи.

ИЕ 3 – 4 мандати: Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски.

ИЕ 4 – 5 мандати: Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска, Борче Цветков.

ИЕ 5 – 3 мандати: Јован Митрески, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Митко Трајчулески.

ИЕ 6 – 1 мандат: Славјанка Петровска

Европскиот фронт во Собранието ќе го претставуваат вкупно 19 пратеници

ИЕ 1 – 2 мандати: Блерим Беџети, Илир Хасани.

ИЕ 2 – 4 мандати: Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири.

ИЕ 5 – 4 мандати: Зијадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли, Исмаил Јахоски.

ИЕ 6 – 9 мандати: Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати, Фатмире Исаки.

Вреди во Собранието ќе има 13 пратеници

ИЕ 1 – 2 мандати: Изет Меџити, Беким Сали.

ИЕ 2 – 4 мандати: Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику.

ИЕ 5 – 1 мандат: Салим Сулејмани.

ИЕ 6 – 7 мандати: Биљал Касами, Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи, Садик Сулејмани.

ЗНАМ на Максим Димитриевски, во овој пратенички состав ќе има 6 пратеници.

ИЕ 1 – 1 мандат: Бобан Карапејовски.

ИЕ 2 – 2 мандат: Даниел Стојчевски, Даниела Белимова.

ИЕ 3 – 1 мандат: Павле Арсоски.

ИЕ 4 – 1 мандат: Миле Цеков.

ИЕ 5 – 1 мандат: Весна Бендевска.

Левица обезбеди 6 мандати.

ИЕ 1 – 2 мандати: Димитар Апасиев, Реџеп Исмаил.

ИЕ 2 – 1 мандат: Амар Мециновиќ.

ИЕ 3 – 1 мандат: Борислав Крмов.

ИЕ 4 – 1 мандат: Сашко Јанчев.

ИЕ 5 – 1 мандат: Јована Мојсоска.

Сепак, ова не е конечен состав на Собранието. Дел од имињата ќе станат министри и функционери во новата влада и ќе ослободат место за влез во Собранието на подолните кандидати од листите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk