logo
logo
logo

ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАГИНАТИТЕ во тешката сообраќајка во Скопје

Vecer | 24.05.2025

ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАГИНАТИТЕ во тешката сообраќајка во Скопје

Возач и неговата сопатничка, двајцата од Скопје, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, велат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk