logo
logo
logo

ПОВРЕДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ во сообраќајка кај Лесковац

Vecer | 31.07.2021

ПОВРЕДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ во сообраќајка кај Лесковац

Две лица од Македонија се повредени во сообраќајна несреќа која се случила поле 8 часот утрово, на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лескова , потврдено е за ЈугМедија во Лесковачката полиција и Општата болница во Лесковац.

Повредите ги здобиле мажи од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 година.

– Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.

Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.

Сообраќајот на таа делница, кој за време на истрагата се одвиваше по лентата за претекнување, беше нормализиран непосредно пред 11 часот.

– Според сигурни информации, на повредените на помош им пристигнала екипа на брзата помош од Лесковац, а двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од страна на пожарникарите во Лесковац, наведува Југмедија. о

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk