logo
logo
logo

Повеќе пари за научно-истражувачка дејност, е патот за влез на универзитет на Шангајската листа, МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФЕСОРИ ТРЕБА ДА ПИШУВААТ 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ НАУЧНИ ТРУДОВИ

Vecer | 02.01.2026

Повеќе пари за научно-истражувачка дејност, е патот за влез на универзитет на Шангајската листа, МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФЕСОРИ ТРЕБА ДА ПИШУВААТ 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ НАУЧНИ ТРУДОВИ

Зголемени се средствата за поддршка на научно-истражувачките проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за плановите на Владата во областа на образованието во новата година.

Јас сум универзитетски професор и логично е дека образованието ќе биде еден од врвните приоритети, порача денес премиерот Христијан Мицкоски.

-Ценам дека без квалитетно образование и без квалитетна наука, не можеме како нација да јакнеме ниту  како држава да јакнеме. И во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките проекти. Ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023-тата, веќе 2024 и 2025 се доближивме до ставката 680 милиони денари, веќе сега за 2026 имаме преку 770 милиони денари  токму за ова. Дали е доволно? Не е. Дали треба повеќе? Треба. Но е многу повеќе од тоа што како состојба го затекнавме. Очекувам во годините кои што следат и со измените во Законот за високо образование во кој моите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера, ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови кои што ќе бидат објавувани во списанија со фактор на влијание и кои ќе бидат дел од базата на Томсон Ројтерс, рече тој.

Премиерот посочи дека е направена анализа која води кон тоа дека ако сакаме да имаме универзитет кој што ќе биде во првите 1000 на Шангајската листа, како држава мораме меѓу 8 и 10 пати да го зголемиме бројот на вака објавени научни трудови.

-Мислам дека со последните зголемувања, прилично се достоинствени примањата на професорите, доцентите и асистентите и мислам дека сега треба да се свртиме кон науката и за тоа за кое што е основната дејност на еден професор, а покрај образовната тој има и научна дејност, односно обврска да твори, посочи Мицкоски.

Се надева дека ќе се радуваме дека ќе имаме барем еден универзитет во првите 1000 на Шангајската листа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk