logo
logo
logo

Поранешниот градоначалник на Пробиштип осомничен за незаконско издавање одобрение за градба

Vecer | 24.12.2025

Поранешниот градоначалник на Пробиштип осомничен за незаконско издавање одобрение за градба

МВР соопшти дека кривична пријава добиле поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општина Пробиштип за „несовесно работење во службата“.

Имено, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против Б.С.(61), Ј.Д.(53) и Д.А.(44), сите од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за „несовесно работење во службата“.

Според полицискиот билтен, во текот на 2023 година, првопријавениот, раководител на Одделение за урбанизам во општина Пробиштип и второпријавената, советник за урбанизам, градежништво и издавање на одобренија за градење во Одделението за урбанизам во општина Пробиштип, незаконски издале одобрение за градење.

Имено, пријавените не го одбиле како неосновано наведеното барањето за издавање на Одобрение за градење, согласно доставениот акт со негативно мислење од Одделение за урбанизам и заштита на животна средина на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Кочани, во кое се наведува дека предвидениот објект за градење-ресторан не може да се приклучи на дистрибутивната мрежа бидејќи се наоѓа во близина на постоечки електроенергетски објект, согласно Законот за енергетика, наведува МВР.

Третопријавениот, поранешен градоначалник на општина Пробиштип, така доставеното одобрение го потпишал со што овозможил на барателите да изградат угостителски објект-ресторан на парцели кои не се предвидени за изградба на објекти.

The post Поранешниот градоначалник на Пробиштип осомничен за незаконско издавање одобрение за градба appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk