logo
logo
logo

Помина една година, НЕМА ФАБРИКА НИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, а основачот бил избркан од Дестани

Vecer | 11.08.2023

Помина една година, НЕМА ФАБРИКА НИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, а основачот бил избркан од Дестани

Владата пред точно една година во август 2022, бомбастично најави отворање на фабрика за електрични возила во Тетово. Цела владада појде на фрлање камен темелник, со бина, се држеа говори, се најавуваше како огромна инвестиција и на тоа остана.

Иако требаше да почне да се гради во рок од осум недели, нема ни трага ни глас од фабриката, само празна ливата и бетонот од првата лопата.

Тога и премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби се фалеа со германската фабрика „Некст е.ГО“. Како што кажуваа трабаше да отвори 900 нови работни места.

Инаку Груби лани ја најави како инвестиција на домашната компанија „Еколог“ вредна 130 милиони евра, за која пак Владата два дена пред потпишувањето на договорот, одобри државна помош од околу 42,6 милиони евра.

На церемонијата во ТИРЗ Тетово присуствуваше и Лазим Дестани, татко на основачот на компанијата „Еколог Интернешнл“ , Назиф Дестани и сопственик на фудбалскиот клуб Шкендија, кој важи за близок до владеачката ДУИ.

А1.он пишува дека основачот на фабриката Гинтер Шух од универзитетот за технички науки во Ахен кој во технолошко-иновативните кругови бил сметан за германски Илон Маск сега не дел од проектот.

Морал да најде инвеститор за да ја спаси компанијата, а тоа била холандската „НД Груп“ во сопственост на Назиф Дестани, која како холдинг го има во сопственост и „Еколог“. Шух морал да го отстапи местото извршен директор, но останал претседател на Бордот на директори на компанијата со ново име „Некст е.Го Мобил СЕ“ до мај 2021 година кога, под неразјаснети околности, ја напушта.

„Почитувани, јас бев исфрлен од „Некст е.ГО“ во мај 2021 година од страна на новиот инвеститор откако го обезбедив рестартот на производството по завршувањето на пандемијата. Не сакам да зборувам за „Некст е.ГО“засега. Простете.“, стои во одговорот до „А1он“ од професорот и д-р инженер Гинтер Шух од Ахен, Германија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk