logo
logo
logo

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа

Vecer | 01.01.2026

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа

Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран – Монтана.

-Амбасадата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57, стои во објавата на Амбасадата на Фејсбук.

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица. Медиумите наведуваат дека повеќето од гостите биле на возраст од 15 до 20 години. Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk