logo
logo
logo

Наша цел е да бидеме НАЈДОБРИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН, оставаме ЕУ да одлучи дали ќе биде заложник на билатерализација

Vecer | 01.01.2026

Наша цел е да бидеме НАЈДОБРИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН, оставаме ЕУ да одлучи дали ќе биде заложник на билатерализација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци изјави дека се работи на реформската агенда и очекува некаде во април да бидеме најдобри од државите во Западен Балкан.

-Мислам дека она што заостануваше, а беше влезено во овој грејс период од една година до јуни 2025, односно 8 или 10 од тие 12 чекори се веќе завршени. Најголем дел од чекорите што требаше да се завршат до крајот на декември се завршени, да видиме што треба да се заврши, да се дозаврши и полека од април да го фатиме чекорот да бидеме најдобри од Западен Балкан. Тоа е нашата цел. Потоа оставаме на самата Европска унија дали ќе дозволи да биде заложник на билатерализација или објективно ќе ги гледа постигнувањата на земјите кои се кандидати за членство, рече Мицкоски.

Најави дека викендов или најдоцна понеделник или вторник ќе има тематска средба за напредокот на реформската агенда.

-Во минатото направивме многу работи за да се придвижиме кон тој процес напред, продолжуваме да правиме многу работи. Од тука имам состанок во мојот Кабинет за да ги дефинирам состаноците во периодот којшто следи. Очекувам овој викенд, ако не понеделник/вторник, да имам тематска средба за напредокот на реформската агенда, да видиме до каде сме, што завршивме, што уште треба да се заврши, иако мислам дека многу работи поминавме на владина сендница, многу работи се веќе во Парламент, рече Мицкоски во изјава за медиумите при посетата на Општина Кавадарци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk