logo
logo
logo

Половина од граѓаните НЕ ЗНААТ КОЈ Е ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИЈАТА

Vecer | 26.04.2025

Половина од граѓаните НЕ ЗНААТ КОЈ Е ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИЈАТА

Речиси половина од испитаниците од последното истражување на МКД.мк, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажува дека македонските граѓани не знаат кој политичар да го посочат како лидер на опозицијата.

Перцепцијата на граѓаните е дека лидери на опозицијата во Македонија се Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица).

Истражувањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk