logo
logo
logo

Вицепремиерот и министер за транспорт Николовски на средба со унгарскиот министер за одбрана Кристов Залаи Бобровницки

СТРАТЕШКА ЦЕЛ Е ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА ВО РЕГИОНОТ, Македонија дава огромен инпут во регионалниот развој за постигнување на европските вредности

Vecer | 15.05.2025

СТРАТЕШКА ЦЕЛ Е ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА ВО РЕГИОНОТ, Македонија дава огромен инпут во регионалниот развој за постигнување на европските вредности

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во работна посета на Унгарија, денеска остварил средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. 

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата на која се разговарало за партнерството меѓу двете земји, била истакната одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата.

Стратешката цел е зачувување на мирот и стабилноста во регионот, истакнал вицепремиерот Николоски, додавајќи дека Македонија е рамноправен партнер во НАТО сојузот и во своите капацитети дава сериозен придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност.

Исто така тој потенцирал дека Македонија со своите политики дава огромен инпут во регионалниот развој и станува земја пример за регионална соработка со што покажува огромен капацитет за постигнување на европските вредности.

На средбата се дискутирало и за нови можности за соработка меѓу двете земји во делот на одбранбениот сектор, истакнувајќи го фактот дека Македонија нуди сериозен инвестициски потенцијал.

Пријателските односи меѓу Македонија и Унгарија се на одлично ниво, тоа се потврдува на овие средби и периодот што следи ќе се посвети на интензивирање на соработката која ќе овозможи зацврстување на односите во области од заеднички интерес за двете земји, потврдиле двајцата соговорници, се наведува во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk