logo
logo
logo

ПРОМЕНИ ВО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВРЕДИ, пратеникот Беким Ќоку е нов координатор

Vecer | 15.05.2025

ПРОМЕНИ ВО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВРЕДИ, пратеникот Беким Ќоку е нов координатор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на коалицијата Вреди.

Според известувањето, пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на Вреди. Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.

Сегашниот состав на Пратеничката група на Вреди е: Африм Гаши, Аднан Азизи, Беким Ќоку, Калтрина Беќири, Имерлије Салиу, Саранда Имери, Фериде Хаџиу, Мерита Колчи Коџаџику и Беким Сали.

Собранието веќе ги ажурира официјалните информации и ќе постапува во согласност со релевантните Правилници и процедури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk