Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зема и 60-тата жртва.
Почина Александар Карадаковски, управителот на фирмата „МММ Кафе дооел“, кој што управувал и со дискотеката „Пулс“ во Кочани, неофицијално објавија повеќе медиуми
Карадакоски беше еден од десетиците повредени пациенти кои беа пренесени во странство. Тој и уште тројца пациенти беа пренесени на лекување во Литванија.
Карадаковски е 60-та жртва од трагедијата која што силно го погоди Кочани и цела Македонија.
Се очекува официјална потврда од надлежните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата