logo
logo
logo

Палењето на куќата на Пандов Е ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ (ВИДЕО)

Vecer | 30.04.2025

Палењето на куќата на Пандов Е ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ (ВИДЕО)

Најостро го осудуваме палењето на куќата на директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов и повикуваме на итна и брз реакција од страна на институциите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат.

Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата.

Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна.

Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност. Правда мора да има, потенцираат тие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk