logo
logo
logo

ПАЛЧО - Најбараниот бегалец е во Белорусија?!

Vecer | 05.12.2023

ПАЛЧО - Најбараниот бегалец е во Белорусија?!

30 ноември, ден четврток. Скопје е блокирано заради безбедноста на министрите на ОБСЕ, а контровезниот градежник првосомничен за две убиства Палчо ја напушта Македонија и влегува во соседна Србија, со намера да стигне до Минск и Белорусија.  Го возел битолскиот адвокат Васко Стојков, наводно го носел на лекар. Така потврди адвокатот, а и МВР.

Неофицијално, а како што откриваат извори за Алфа, Палчо имал план и авионска карта за Минск, метрополата на проруска Белорусија. Наместо на лекар, наводно авионската траса на Палчо е Белград-Истанбул, Истанбул -Минск.

- Палчо имал карта за Минск, па наводното лекување Белград-Истанбул всушност се аеродромите од каде тој треба да стигне до Минск. Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Ова го знаат и луѓето блиски до него, вели извор познат на редакцијата.

За официјална потврда во колку часот и на кој граничен премин Палчо ја напушта земјава, од Министерството за внатрешни, молк. Велат истрагата е во тек и во нареден период нема да објавуваат никакви детали.

Палчо убива на 27-ми, а бега на 30 ти. Што прави 3 дена во Скопје? Според гласините кои се шират, тој е проруски играч, а е поврзан и со домашните тајни служби. Иако нема никаква официјална потврда, сепак останува нејасно зошто убиецот не се дава веднаш во бегство, туку после 3 дена. Уште посимптоматично е дали Палчо има некаква заштита и помош од тајните служби, домашни и странски.

Имено, за Палчо дури седум дена по убиството и три дена по првите приведувања беше издадена наредба за истрага за две кривични дела грабнување и убиство и меѓунаредна. Па оттука, не само до Белорусија, Палчо имал време да стигне и на друг континент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk