logo
logo
logo

ОСТИН: САД високо го ценат придонесот на С. Македонија во мисиите на НАТО

Vecer | 06.03.2021

ОСТИН: САД високо го ценат придонесот на С. Македонија во мисиите на НАТО

С. Македонија е ценет пријател и сојузник и очекувам да ја продлабочиме нашата соработка во следните години. Честитки за претстојната годишнина од приемот во НАТО. Соединетите Држави високо го ценат придонесот на С. Македонија во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак и Косово, вели секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин во писмото што го испрати до министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Остин во писмото се заблагодарува на честитката за неговото именување на функцијата секретар за одбрана.

Оддавајќи признание за нашето плодно 28-годишно партнерство со Националната гарда на Вермонт, секретарот за одбрана Остин го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во одбраната меѓу Северна Македонија и САД.

-Овој Меморандум ќе ги прошири областите на нашата билатерална соработка и ќе биде поддршка на С. Македонија на патот кон исполнувањето на своите цели како што е развивањето на Лесната пешадиска баталјонска група, се вели во писмото.

Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката во 2021 преку активности како што е и американското учество на вежбата „Одлучен удар 21“ чиј домаќин ќе биде нашата земја, секретарот за одбрана високо ја оценува иницијативата Криволак да го развиваме во полигон за поголеми и посложени вежби од кои ќе имаат бенефит нашите армиски сили, но и сојузниците, САД и НАТО.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk