logo
logo
logo

Орбан: Мицкоски е чуварот на тврдина, ја штити европската јужна граница од миграцијата, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Vecer | 29.05.2025

Орбан: Мицкоски е чуварот на тврдина, ја штити европската јужна граница од миграцијата, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздрави премиерот Мицкоски и неговото лидерство во заштита на европската граница од илегалните мигранти. Орбан говореше на отворањето на конзервативната CPAC конференција во Будимпешта, на која утре треба да се обрати и Мицкоски.

Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија, изјави премиерот Орбан на отворањето на големата конференција на европски и американски конзервативци.

Пред самото обраќање на Орбан, беше емитувана ексклузивна видео порака од претседателот Доналд Трамп. Меѓу другите гости на конференцијата се словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот премиер Иракли Кобахидѕе, Андреј Бабиш Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk