logo
logo
logo

Иднина, што е тоа?

ОПОМЕНА ЗА ДРЖАВНИОТ СИСТЕМ: Третина од македонските семејства НЕМААТ ДЕЦА!

Vecer | 27.07.2022

ОПОМЕНА ЗА ДРЖАВНИОТ СИСТЕМ: Третина од македонските семејства НЕМААТ ДЕЦА!

Македонија е нестабилно општество и граѓаните имаат мала доверба во иднината, тоа би бил заклучок зошто толку голем број семејства, по своја воља, живеат без деца.

Според пописот о земјава Македонија има вкупно 538.348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Над 26 илјади семејства или 4,9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години.

Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив.

Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598.632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3,1.

Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468.336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103.237 или 5,6 проценти.

Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531.987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk