По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода на 15.12. и 16.12.2024 на подрачјето на Кисела Вода ги лишиле од слобода М.С. и М.Б. на 23 години, како и 22-годишниот Ф.М., сите од Скопје.
Тие се сомничат дека во неделата, 15-ти декември околу 3 часот во угостителски објект во Градски парк на подрачјето на Карпош физички го нападнале 26-годишниот Ф.Т. од Скопје и му нанеле повреди.
Истоврмено, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од делото.
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против лицата е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка домашен притвор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата