Охриѓанец доби кривична пријава за напад врз службено лице, оти првин не реагирал на знак за сопирање од страна на сообраќајни полицајци и се обидел да ги прегази па продолжил да вози, а малку подоцна, кога полицајци дошле да го уапсат, ги нападнал и се обидел да избега.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(27) од Охрид. Наведените инциденти за кои се товари кривично се случиле на 12 декември на регионалниот пат Охрид-Струга.
Првин полициски службеници од СВР Охрид дале знак за запирање на патничко возило управувано од пријавениот, но тој не застанал и се обидел со возилото да ги удри, по што избегал. Истиот ден, во селото Требеништа, бил бил забележан од полициски службеници и апсењето, физички ги нападнал полицајците и повторно се обидел да избега.
The post Охриѓанец се обидел да прегази полицајци, кога го апселе ги нападнал и бегал appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата