logo
logo
logo

Од ДУИ ништо ново, ПАК ЗАКАНИ, СПОМЕНУВАЊЕ ВОЈНА

Vecer | 29.05.2025

Од ДУИ ништо ново, ПАК ЗАКАНИ, СПОМЕНУВАЊЕ ВОЈНА

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, во интервју за емисијата „Дијалог те Лајми“ ја обвини актуелната власт дека ги влошува меѓуетничките односи во земјава. Адеми предупреди дека одредени македонски аналитичари и политичари отворено зборуваат за „втор дел“ на конфликтот од 2001 година – овој пат како форма на одмазда кон Албанците, пишува „4њуз“.

„Во јавноста се зборува дека сега следува второто полувреме од играта меѓу Македонците и Албанците, каде што некои тврдат дека Албанците го добиле првото полувреме и сега сакаат да го поништат резултатот“, рече Адеми.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат таен договор уште од 2022 година, со цел Албанците да бидат исклучени од важни одлуки и институции. Тој вели дека ова е стратегија на системска маргинализација која има потенцијал да го загрози општествениот мир.

„Македонија во 2024-2025 е сосема различна и ова не е истата земја како пред војната“, заклучи Адеми

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk