logo
logo
logo

Од донациите, си ставил во џебот речиси 80.000 евра

Vecer | 23.12.2025

Од донациите, си ставил во џебот речиси 80.000 евра

Виктор Божиновски, извршен член на Одбор на директори на Кошаркарски Клуб Куманово 2009 АД Куманово проневерил дел од донациите за клубот и себеси си и на уште две лица доделил бонуси. Од буџетот на клубот така „извлекол“ 4.896.000 денари (речиси 80.000 евра).

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против него, товарејќи го за „Злоупотреба на службената положба и овластување”.

Пријавениот Виктор Божиновски, вели Финансиска полиција постапувал спротивно на член 14-д од Законот за спорт, како и спротивно на договорите за донација на финансиски средства склучени помеѓу Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како дарители и Кошаркарски клуб Куманово 2009 како примач на донациите.

Божиновски донел одлука која сам ја потпишал, без да свика седница на Одборот на директори на друштвото, и издал налог за исплата на пари од клубот како бонуси за него и за уште две лица. Парите биле дел од донациите од двата погоренаведени донатори, но и од ваучери од Агенцијата за млади и спорт, кои не смееле да бидат исплаќани како бонуси.

The post Од донациите, си ставил во џебот речиси 80.000 евра appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk