logo
logo
logo

Oд денеска во Скопје ЌЕ МОЖЕ ДА ИЗНАЈМИТЕ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

Vecer | 27.05.2025

Oд денеска во Скопје ЌЕ МОЖЕ ДА ИЗНАЈМИТЕ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

 Официјална промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, како дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето, ќе се одржи денеска во Скопје.

Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го означат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Меџити и Божиновска ќе пристигаат пред платото на Владата со првото електрично возило на Avant2Go Car-Sharing – Македонија, симболично означувајќи го стартот на оваа иновативна услуга за мобилност по потреба.

Новиот модерен систем за целосно електрично споделено возење Avant2Go Car-Sharing е достапен преку мобилна апликација – практично, еколошко и 24/7 достапно.

Настанот, според компанијата, ќе вклучува кратка презентација, демонстрација на возилата и апликацијата, како и можност за тестирање на електричните возила

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk