logo
logo
logo

Обвинителството ја ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА за аферата со мазутот

Vecer | 30.03.2025

Обвинителството ја ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА за аферата со мазутот

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција објави дека продолжува со истрагата за перење пари и местење тендери за продажба на мазут од страна на бизнисмени и нафтени компании, во соработка и со помош на директори и вработени во Електрани на Македонија.

Засега на листата на осомничени се вкупно 13 лица, меѓу кои сопствениците на РКМ - Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“. Во листата на осомничени е и името на поранешниот директор на ЕСВ, Васко Ковачевски, кој долго време е во бегство поради другиот случај каде што е гонет, познат како „Адитиви“. Понатаму, кривично обвинение беше поднесено и против поранешниот директор на ЕСМ и функционерот на ДУИ, Ардијан Муча.

Дополнително се споменуваат и други лица како Ружди Рамадани, Никола Стојановски, Данчо Стојановски, Емил Пецаков, Марија Нешковска, Благица Марковиќ, Душица Сеизовска Јовановиќ и Добрила Стефановска.

Од 11 март Капушевски, Сулковски и Муча се во притвор, а три дена подоцна им се придружи и Асмир Јахоски, по реакцијата во јавноста откако Обвинителството и Судот го поштедија со куќен притвор. Други седум се со мерки на претпазливост, одземени им се пасошите и се должни да се пријавуваат во суд.

Според Обвинителството, фирмата на Капушевски – РКМ била фаворизирана и со лажни документи добивала тендери за набавка на мазут, каде принципите на пропорционалност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори не се почитувани во постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk