logo
logo
logo

Николоски: СКОПЈЕ ГО ПОВРЗУВАМЕ СО ПАРИЗ, стартуваше авиолинијата до и од аеродромот Орли (ФОТО)

Vecer | 02.04.2025

Николоски: СКОПЈЕ ГО ПОВРЗУВАМЕ СО ПАРИЗ, стартуваше авиолинијата до и од аеродромот Орли (ФОТО)

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет.

Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.

Согласно договорот, авиокомпанијата Изиџет оваа линија ќе ја оперира од денеска- 2 април па се до 31 декември 2027 година со однапред определен ред на летање.

“Ова е уште една можност за подобра комуникaција и поврзување на Македoнија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи. Осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид се воведени за многу краток период. Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска подршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стартегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати. Веќе преговараме со други авиокомпании и мислам дека сме на добар пат да постигнеме договор за нови дестинации, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии што го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.

Од Скопје, освен Париз, се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид кон Истанбул и Басел.

Согласно Програма за финансиска подршка 2025-2027 година донесена од страна на Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување на нови авиолинии.

Оваа Програма има за цел да да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните како и развој на цивилното воздухопловство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk