logo
logo
logo

5000 ДЕНАРИ ЗА НАД 330.000 ПЕНЗИОНЕРИ - За само 6 месеци Владата ги покачи пензиите линеарно

Vecer | 02.04.2025

5000 ДЕНАРИ ЗА НАД 330.000 ПЕНЗИОНЕРИ -  За само 6 месеци Владата ги покачи пензиите линеарно

За само 6 месеци, Владата ги покачи пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари. На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија, соопштија од Владата

Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци.

Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и мартовската пензија.

Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5000 денари, линеарно за секој пензионер.

Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено.

Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби.

Со ова како Влада го исполнивме едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедивме поквалитетен живот за нив.

Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните, стои во соопштението

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk