Маж (67) од Тетовско останал покус за 3.000 евра, откако наседнал на варијанта на измамата со лажна сообраќајка – му побарале пари за наводно да вратат запленети 10.000 евра на негова познаничка.
Тој вчера пријавил дека Бугарка, со која контактирал на социјални мрежи, во саботата му кажала дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен премин ѝ заплениле 10.000 евра.
Подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите на Бугарката.
Потоа измамениот, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР.
The post Нова варијанта на измамата со сообраќајки – сега лажат за запленети пари на граница appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата