logo
logo
logo

Николоски: Во Канатларци што Пендаровски не знае каде е го решивме проблемот со водоснабдувањето

Vecer | 14.04.2024

Николоски: Во Канатларци што Пендаровски не знае каде е го решивме проблемот со водоснабдувањето

Денеска сме во селото Канатларци мислам на Стево Пендаровски да му дадеме на мапа да погоди каде е Канатларци нема да погоди, а се работи за едно огромно село кое се занимава со земјоделие, каде што живеат преку 3000 жители и гравитираат кон истото. Но, тоа покажува колкава негрижа има за сопствената држава и колку е веројатно човек кој што најмалку ја познава државата е претседател, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 4.

-Затоа за разлика од него, ВМРО-ДПМНЕ реализира и сум горд што денеска го отворивме водоводот во село Канатларци кој што се изгради благодарение на градоначалникот Борче Јовчевски, благодарение на советот предводен од Дејан Продановски, на советниците, на директорот на ЈП Водовод и на сите оние кои работеа на овој голем капитален проект.

Се работи за инвестиција од 350.000 евра кој што го решава проблемот со водоснабдување на целото село.

Во следниот период село Канатларци кое што Стево Пендаровски не знае каде се наоѓа на мапата, ќе работиме на проширување на патиштата, на изработка на канализациони системи, како и изградба на спортска сала, а сето ова ќе дојде од општинскиот буџет и средствата која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спушти кон општина Прилеп, додава Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk