logo
logo
logo

Кешишев: НЕ ЗНАМ ОД КОГО ТРЕБАШЕ ДА СЕ БАРААТ ПАРИ, не сум слушнал дека некој во разговорите го споменува Александар

Vecer | 04.04.2025

Кешишев: НЕ ЗНАМ ОД КОГО ТРЕБАШЕ ДА СЕ БАРААТ ПАРИ, не сум слушнал дека некој во разговорите го споменува Александар

Обвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште детално опишал како по убиството на Панче Жежовски стигнале во Скопје и го паркирале „цитроенот“ на паркингот кај Кванташкиот пазар. За тоа дали пред да биде грабната Вања биле на обиколка на нејзината зграда, Кешишев рече:

Не сум бил, освен привиот пат кога се обидоа и вториот пат кога беше грабнувањето, одговорил Кешишев.

Прашање за Кешишев имал и бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.

Дали во ваше пристуство имало разговори за повеќе лица пред да се грабне личноста од Скопје?

На тоа одгвоори дека освен за личноста што требало да биде во дупката, за други не се разговарало.

На прашањето каде и кога слушнале за грабнување на друга личност?

 - После првиот неуспешен обид. После се случи тоа, рекол Кешишев.

Запрашан колку средби имало пред да се донесе одлука за грабнување на личноста од зградата?

Неколку пати. Кога и да дојдеше Велибор се почнуваше оваа тема. Не сум слушнал дека некој во разговорите го споменува Александар. Не знам од кого требаше да се бараат парите за грабнувањето. Сликата од девојчето ја видов по грабнувањето, дотогаш ја немав видено. Не сум слушнал никогаш дека Палчо разговара на телефон со таткото на девојчето, изјави тој.

Како што рекол телефоните им беа во штабот, со себе носеле мотороли.

Дали сте слушале дека девојчето е по грешка грабнато?, праша Туфекџик.

Не, бидејќи бев подалеку, ниту пак некој ги спомна мајката и таткото на детето, одговори Кешишев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk