Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата донела одлука за започнување на постапка за набавка на 120 еколошки автобуси, кои ќе бидат распределени меѓу Скопје и општините со организиран јавен превоз.
„Одлучивме да започнеме процес за набавка на 120 нови, еколошки автобуси. Од нив, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, додека 40 ќе бидат дистрибуирани во останатите општини каде што има потреба“, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека оваа иницијатива е дел од стратегијата на Владата за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на животната средина.
„Нашата цел е да создадеме подобри услови за живот, да го намалиме загадувањето и да им обезбедиме на граѓаните почист воздух, особено во зимските месеци. Ова е процес што бара време, но мораме да бидеме проактивни и да преземаме конкретни чекори“, додаде премиерот.
Со оваа мерка, Владата најавува значителен чекор кон модернизација на јавниот превоз и еколошки поодржливо урбано живеење.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата