Педесе и двегодишната жена од кавадатечкото од село Возарци, вчера во раните утрински часови предизвикала сериозен инцидент во Будинарци, беровско.
Според полициски информации, таа со своето патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки удрила во двајца мажи, Д.Г. (38) и Ѓ.Ч. (24), од село Митрашинци, беровско, кои се наоѓале пред угостителски објект во селото.
По сообраќајката М.М. излегла од возилото и со остар предмет се упатила кон Ѓ.Ч., додека физички го нападнала Д.Г. По инцидентот, таа го напуштила местото на настанот заедно со уште едно лице кое било со неа во возилото.
Се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот, а полицијата продолжува со истрага и собирање докази за целиот настан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата