logo
logo
logo

Наместо нови таблици, НАЛЕПНИЦИ СО „NMK“

Vecer | 16.05.2023

Наместо нови таблици, НАЛЕПНИЦИ СО „NMK“

Владата, на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК” ознака на регистарските таблици, предложена од Министерството за внатрешни работи.

Со ставањето налепница на регистарските таблици, според информацијата од МВР, во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија на регистарските таблици на возилата, од една страна, а од друга страна, финансиските издатоци за ова решение се речиси неспоредливи со износот потребен за замена на регистарските таблици со нови регистарски таблици.

Во оваа насока е предвидено ставање налепници со „НМК” ознака, на возила коишто имаат таблици со „МК” ознака, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци, за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица.

Поставувањето налепници со ознака „НМК” на регистарските таблици, според образложението од МВР, ќе биде олеснување и за транспортерите кои патуваат во Европската Унија. На овој начин тие имаат можност, на траспортните возила да ги задржат постоечките таблици, со што ќе бидат заштитени од потребата за промени во целокупната документација во државите членки на ЕУ, што ќе се појави како потреба, доколку постоечките регистарски таблици, ги сменат со нови таблици во нашата држава.

По разгледувањето на Информацијата, задолжено е Министерството за внатрешни работи да изготви Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk