logo
logo
logo

ОБЕМНА АКЦИЈА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВО, мрежа од над 50 ЛИЦА - Се апсат доктори, адвокати, управители...

Vecer | 23.04.2025

ОБЕМНА АКЦИЈА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВО, мрежа од над 50 ЛИЦА - Се апсат доктори, адвокати, управители...

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем, дознава КУРИР.

Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.

Неофицијално, се работи за мрежа составена од преку 50 лица:  доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице,  управител на консултантско биро), претреси се прават и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.

Министерството за внатрешни работи преку Бирото за Јавна Безбедност продолжува одлучно без задршка со решителна борба против организираниот криминал и корупцијата без да има заштитени или привилегирани, со една единствена цел изведување пред лицето на правдата на секој кој што работи незаконски, заштита на јавниот интерес, владеењето на правото и унапредување на интегритетот на институциите.

Потврда за одлучната борба се сите изминати акции кои до сега се спроведени во разни области, видови и тип на криминал (нарко мрежи и нарко групи, кримнални групи кои хараа низ Скопје и вршеле убиства, изнуди и уцени, злоупотреби на јавни тендери и незаконски богатења преку енергетскиот сектор, злоупотреби направени од страна на Царински, Полициски службеници, Затворски полицајци, случаи на примање поткупи од страна на полициски и други административни службеници, откриени и сузбиени лаборатории за фалсификувани пари и монети, сузбиени криминални групи кои работеле со трговија со луѓе и криумчарења мигранти, сузбиена група која работела со нелегално организирани игри на среќа, злоупотреби на тендери во Државна лотарија, криминална крупа која работела со фалсификувани возила, примање поткуп и злоупотреби од страна на Врховен судија и член на Совет на Јавни Обвинители…

Во сите овие случаи беа опфатени лица кои со години биле недопрени од службите задолжени за спроведивање на законот, МВР преку БЈБ досега покажува робусна, разнолична и неселективна борба против сите кои секојдневно со незаконско работење допринесувале за континуирана девастација на институционалниот систем а директно или индиректно со своите постапки ја нарушиле или срушиле довербата на македонските граѓани во целиот систем на Македонската држава.

Против 49 лица се поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.

Во рамки на акцијата, се спроведуваат претреси на вкупно 21 локација, од кои 15 се на домашни адреси на осомничени службени лица. Во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица (со мерки ), а останатите 25 ќе бидат приведени на распит со утврдување натамошни емрки, брифираат извори за Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk