logo
logo
logo

Битиќи НЕ ГО ПРИЈАВИЛ НАКИТОТ ВО АНКЕТЕН ЛИСТ кој крадците му го украле со сефот?

Vecer | 23.04.2025

Битиќи НЕ ГО ПРИЈАВИЛ НАКИТОТ ВО АНКЕТЕН ЛИСТ кој крадците му го украле со сефот?

Пратеникот од СДСМ и екс вицепремиер Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници, а крадците го украле сефот во кој според некои медиуми имало пари и накит.

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР“.

Битиќи за ТВ 24 потврди дека додека тој се наоѓал надвор од државата неговиот дом бил предмет на кражба.

„Се се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено и аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм.“ – вели Фатмир Битиќи за ТВ24.

Но, украденото го нема во анкетниот лист на Битиќи.

Кога ја заврши функцијата вицепремиер и кога станал пратеник тој пријавил станбена куќа од  343 квадрати во вредност од 17.220.000 денари, а од возила пријавил Мерцедес Е 220 кој се води на неговата сопруга во вредност од 1.800.000 денари.

Битиќи навел и три банкарски кредити, но никаде не навел дека поседува накит.

Претходно во 2020 година кога вицепремиер за економски прашања, Битиќи пријавил куќа од 343 м2 која е проценета на 17,2 милиони денари. Фолксваген Т-рок на негово име, Мерцедес Е 220 од сопругата.

Има три кредити, два од 1,5 и од 3 милиони денари кои треба да ги отплати до 2040 година, како и станбен кредит од речиси два милиони денари кој го подигнал во 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk