logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Наместо демант од МВР очекувавме ОСТАВКА од морални причини и одговор на Спасовски кога знаел за убиството и дали молчел заради Самитот?

Vecer | 04.12.2023

Наместо демант од МВР очекувавме ОСТАВКА од морални причини и одговор на Спасовски кога знаел за убиството и дали молчел заради Самитот?

Наместо МВР да праќа паушални соопштенија треба веднаш да одговори кога Оливер Спасовски дознал за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Се случиле две свирепи убиства, сред бел ден возилото со кое била грабнато девојчето било возено низ скопските улици, а ниту МВР, ниту Спасовски не забележале ништо. Спасовски наместо вчера вечер веднаш да излезе и да ја каже вистината пред граѓаните за овој грозоморен чин, прати само едно бледо соопштение и чекаше 24 часа да поминат. Толку ли вреди еден детски човечки живот? Што сакаше да сокрие Спасовски и зошто реагирале предоцна?

Спасовски да каже дали свесно Љупчо Палевски Палчо бил пуштен да избега од државата? Истиот тој Палчо кој сега изврши две свирепи убиства изминатите месеци и години е актуелен на одредени медиуми и се чувствува моќни бидејќи се заштитени и од власта и Спасовски. Директно одговорни за токсичната атмосфера во која доминира таа иста рекетарско криминална дружина се меѓудругото и полициските структури на Спасовски кои им овозможуваа закрила.

Доколку Спасовски навреме реагираше за говорот на омраза на медиумите кои му даваа простор на самиот Палчо, денеска може немаше да се случи ова. Спасовски нека не се однесува незрело и арогантно. Овој стравичен настан ја потресе македонската јавност и мора да има целосно расветлување на случајот.

Очекувавме наместо демант од МВР, одговори од Спасовски и известување дека си поднел оставка од морални причини бидејќи во негово министерување се случија најголемите криминални пресметки, а резултира и со убиство на 14-годишно дете. Неказнивоста и неажурноста на МВР е една од причините за ова што се случи денеска. Македонија е згрозена. Безбедноста на децата и граѓаните е нарушена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk