logo
logo
logo

Најголемиот донатор на ДУИ „Еуровиа“ доби уште еден милионски тендер

Vecer | 19.09.2023

Најголемиот донатор на ДУИ „Еуровиа“ доби уште еден милионски тендер

Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Еуровиа“ од  Желино за повеќе од 1 милион евра ќе регулира дел од одводниот канал во Арачиново. На тендерот на Министерството за животна средина се пријавиле уште две други фирми, но донаторот на ДУИ дал најповолна понуда.

Со добиените пари на тендерот друштвото за градежништво, трговија и услуги „Еуровиа“ ќе регулира дел од одводниот канал во Арачиново, услуга која ќе ја чини државата 1.038.833 евра. Понуда на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање дале и фирмите  „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но сепак одлуката паднала на Еуровиа.

Оваа компанија во последен период добива најголем дел од тендерите кои ги распишуваат институциите. Ангажирана е за 1,8 милиони евра да го преуреди просторот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а исто така за околу 4 милиони евра ја гради полициската станица Аеродром, и е ангажирана за расчистување на автопатиштата. Избрана и за подизведувач во изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого владата пред околу 6 месеци потпиша договор вреден над милијарда и 300 милиони евра.

Еуровиа стана позната во јавноста и како фирма која лани била најголем донатор на политичката партија ДУИ, додека извршувала јавни работи за државата, што пак е спротивно на законот за финансирање на политички партии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk